18
фев
2021
Долче вита салата
Едноставна вкусна салата која може да се послужи како додаток или самостоен оброк, вечера на пример.
1. Салатата марула и руколата се мијат. Марулата се сече на парчиња. Руколата само ја додаваме во садот.
2. Ситно ги сечеме сувите кајсии, пршутата ја сечеме на помали парчиња, кромидот го сечеме на тркалца. Сето ова се додава кон салатата и руколата. Поросуваме одозгора со пармезан.
3. За преливот ставаме маслинов зејтин, балзамико и пармезан и се заедно мешаме. Полеваме врз салатата.
На крај само да ви посакам на здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови