Карфиолот го миеме и го делиме на мали цветови.
Го ставаме во тава на оган.
Во тавата додаваме 2 лажици путер, па запржуваме.
Пржиме околу 5 минути на тивко. Ја додаваме половинката чаша вода и зачинуваме.
Оставаме да покрчка малку со затворен капак.
Водата ќе испари, а ние продолжуваме со пржење.
Карфиолот толку многу ќе омекне што се топи во уста.
Вкусот му го збогатува и путерот.
Сервирајте топло. Нека ви е слатко.

Забелешка
Можете дополнително да користите домашен сос, на пример толчено лукче со маслиново и магдонос одлично би се вклопило.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови