Доколку дома имате мали „не јадачи“ кои постојано прашуваат - Што е ова зеленово? Што е ова портокаловово? ... Ама јас не јадам морков..... Тогаш сигурно ќе ви се најде овој рецепт.
1. Копаните ги ставаме да се варат. Јас секогаш одкако ќе провријат, првата вода ја истурам, па ставам нова.
2. Додека копаните се варат, морковот го сецкаме на коцки и го ставаме да се пропржи, па налеваме малку од водата во која се вареле копаните. Ова го блендираме, за да не се познаваат парчињата морков, нормално. Може да ставите и друг зеленчук.
3. Го ситниме месото од копаните и го додаваме во морковот, а долеваме и вода по желба.Додаваме сол, мешан сув зачин и тестенини за супа и оставете да се вари на тивко. Магдоносот го додаваме на крај кога се е веќе сварено.

На здравје нека ви е!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови