Не би можела да го наречам колач, а наликува на колач, па затоа јас си го нарекувам Освежителен десерт.. Навистина е таков. Лесен за подготовка.
- На крупната страна од рендето нарендајте ги излупените јаболка, оставете настрана да одстојат.
- Путерот или маргаринот растопете го во касеролата, тргнете да олади. Додадете го и румот, на едро истолчените ореви, ситно исецканите суви овошја кои сте ги одбрале да ги ставите, промешајте. Додадете ги крупно искршените бискоти.
- Истискајте ги изренданите јаболка од сокот кој го пуштиле, додадете во предходната смеса, ставете го циметот и шеќерот во прав. Додадете паваката и измешајте.
- Вака добиената смеса ставете ја во модла со подвижно дно, оставете да осдстои најмалку 5 часа, а може и преку ноќ. Посипете одозгора со рендана чоколада.

Забелешка
- Доколку се благи јаболката, пробајте, не морате да ставите шеќер.
- Овој рецепт трпи многу промени. Кога сакам да е посен колач го користам и како фил кој го мачкам врз посни бискоти, додавајки посни крем бананки наместо кисела павлака и еве го веќе посен колачот.
- Не пропуштајте да додадете и некоја сува смоква, баш дваат убав шмек на целокупната смеса.
- Најчесто го правам одвечер, во мали модли со подвижно дно, што не значи и дека не можете да го ставите во било каков сад, тавче или некој сад во кој што сакате да го поставите и заради изгледот, но тогаш во садот прво ќе ставите стреч фолија, па потоа ќе го ставите овој десерт, за да после го превртите на чинија и декорирате.
- Можете да го декорирате и со шлаг или слатка павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани