Пред да почнеме со подготовка ги обложив калапите за мафини со најлонска фолија за да можат мафините лесно да се извадат од калапите.

Во тенџере на оган го ставаме млекото и ја додаваме алвата Дониа да се растопи постепено на умерена температура. Откако целосно ќе се растопи алвата се додава гризот и какаото. Се меша се додека гризот не се свари убаво и сместата да биде доволно густа. Се трга од оган и откако ќе поолади смесата ( не целосно) се полнат обложените калапи со смесата до половина.

Потоа се изработува кремот. Од потребното млеко за кремот 300 мл. се става на оган да зоврие со шеќерот, а во остатокот млеко се раствара прашокот за пудинг, брашното и жолчките. Откако ќе зоврие млекото се додава мензурата и се вари како поудинг додека да се добие потребата густина. Се трга од оган и се остава кремот да олади. Во друг сад со миксер се мути маргаринот пенесто и во него се додава изладениот пудинг.

Со слаткарски шприц го нанесувам кремот брз темниот дел од мафините. Потоа го подготвуваме шлагот од белки со шеќер, кој се мути на пареа се додека да се растопи шеќерот. И шлагот се нанесува со слаткарски шприц врз кремот.
Врз шлагот декорираме со желе бонбони од Дониа.

Добивме интересни и вкусни мафини без печење, со прекрасен мирис и вкус на алва.