Прекрасни декоративни плетенки, за почеток направив само 2, по едно за децата зашто немав доволно брашно, а дозата е за 4 плетенки. Во едниот крај на плетенката се прави дупка и потоа во неа се става јајце. Изгледаат одлично и имаат прекрасен вкус. Некаде прочитав дека и во Хрватска се прават традиционално за Велигден и се нарекуваат приморски велигденски бебиња, зашто личат на повиени бебиња.

Подготовка:
1. Се раствора квасецот во млекото, се додава шеќерот и се остава 10-тина минути. Се додаваат сите состојки освен путерот и жолчката и се матат со миксер. Брашното се додава постепено. Треба да добиете меко тесто. Потоа го додавате со раката омекнатиот путер и го домесувате тестото. Го оставате еден час да го удвои волуменот.
2. Потоа го делите на 12 парчиња. Земате три парчиња и ги сукате во долгнавести форми околу 15 см долги, ги спојувате сите 3 на едниот крај и плетете плетенка. На другиот крај отворате дупка во плетенката и ставате топче направено од фолија. Постапката ја повторувате и со другите делови.
3. Ги премачкувате со жолчка растворена со малку вода или млеко и ги оставате уште половина час покриени да пораснат.
4. Се ставаат во незагреана рерна да се печат околу половина час на 180 степени. После печење, откако малку ќе подоладат, се отстрануваат фолиите и се ставаат јајца во отворите.

На здравје и среќни празници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови