Ова е еден прекрасен десерт, спој од меко тесто, портокал, чоколадо. Пробајте го

Подготовка

1. Во една вангличка ставаме јајца, ванила и шеќер и матиме се додека смесата не побели и не го зголеми својот волумен Потоа додаваме масло, млеко, брашно, пециво и по желба кора од портокал.
2. Вака подготвената смеса може да се подели на 2 еднакви дела и да се пече во 2 помали плеха.
Или цела смеса може да се истури во правоаголен плех, така да се испече, па да се пресече на половина. Испеченото тесто го оставаме да се излади. Го сечеме на 2 еднакви дела.

3. Сега едната половина од тестото ја рониме со рацете. Во мал сад на тивок оган ги соединуваме путерот, чоколадото, шеќерот и мармаладот. Кога е изедначена смесата тргаме од оган. Портокалите кои претходно ни стоеа во раствор од вода и сода бикарбона убаво ги миеме. Ги сечеме на 4 дела, и доколку има семки ги одстрануваме.
Ги ситниме убаво во нутрибулет. Јас тука ја додадов и смесата која претходно ја соединив за филот и убаво уште еднаш соединуваме во чашата на нутрибулет.
4. Сега на даска за колачи го ставаме едното парче тесто. Врз него убаво го нанесуваме филот. Израмнуваме со нож и оставаме да се излади во фрижидер.
Потоа декорираме со растопено чоколадо
5.Сечеме коцки. Јас на секоја коцка ставив по парченце чоколадирана, кандирана кора од портокал и ливче нане.
Послужуваме со попладневно кафе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани