Двобоен мал вегански куглоф
За празници или било која друга пригода, и веганите треба да бидат почестени со убав десерт како овој мој предлог. Подготовката е едноставна, откако претходно ќе се направи потребната подготовка (киснење на индискиот орев и урмите, потпекување и мелење на лешниците).
1. Во чашата од нутрибулетот се ставаат состојките за белиот слој, но прво се става половина од кокосот. Се блендира, а потоа се додава останатиот кокос, се меша со силиконска шпатула и се полни дното на силиконскиот калап за куглоф. Се остава во ладилник да се стегне малку.
2. Се блендираат сите состојки за кафеавиот дел и со него се дополнува кугловот. Повторно се става во ладилник да се стегне, за да може убаво да се извади од калапот во чинијата во која ќе се служи. Тоа може да се направи кратко пред служење, бидејќи треба малку време за да се одмрзни.
3. Чоколадото се топи на пареа и со него се прелева ладниот куглоф.
(537)
Лиценца: Сите права се задржани