Гурманска коленица
Свинските коленици се мијат и се чистат од жилички. Со нож во секоја од нив се прават на неколку места вдлабнатини (како џебови). Во секој од тие џебови се става по едно исчистено чешне лук и малку рузмарин
Потоа на секоја од нив се става сол, мешан сув зеленчук, благо се масира да ги впие зачините и се премачкува со сенф.
Така подготвените коленици се ставаат во тава за печење во која на дното сме ставиле малку масло и парчиња кромид. Во тавата се истура виното и малку вода и се затвора со алуминиумска фолија. Се пече околу час и половина на 180 степени.
Пред крај се вади тавата со колениците и во истата течност се ставаат компирите исечени на коцки и зачинети со сол и рузмарин. Се пече (без фолија) уште половина час додека не омекнат компирите и не добие месото златно жолта боичка
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови