Гурманска коленица
Состојки
- месо
- 4 свински коленици
- зачини
- неколку гранчиња рузмарин
- 2 главици лук
- 4 лажички сол
- 4 лажички мешан сув зеленчук
- неколку лажици сенф
- 200 мл бело вино
- 1 главица кромид
- прилог
- 500 гр. компири
Подготовка
Свинските коленици се мијат и се чистат од жилички. Со нож во секоја од нив се прават на неколку места вдлабнатини (како џебови). Во секој од тие џебови се става по едно исчистено чешне лук и малку рузмарин
Потоа на секоја од нив се става сол, мешан сув зеленчук, благо се масира да ги впие зачините и се премачкува со сенф.
Така подготвените коленици се ставаат во тава за печење во која на дното сме ставиле малку масло и парчиња кромид. Во тавата се истура виното и малку вода и се затвора со алуминиумска фолија. Се пече околу час и половина на 180 степени.
Пред крај се вади тавата со колениците и во истата течност се ставаат компирите исечени на коцки и зачинети со сол и рузмарин. Се пече (без фолија) уште половина час додека не омекнат компирите и не добие месото златно жолта боичка