7
јан
2014
Гурабии со лешници
Маргаринот, маслото, шеќерот,јајцето, жолчката, пецивото и ванилата ги соединуваме сите заедно. Откако ќе ги соединиме го додаваме брашното и правиме тесто. На крај ги додаваме лешниците (кои претходно сме ги сомелиле во мелениче) и пак правиме тесто.
Тестото го ставаме на даска и го делиме на 5 делови.
Земаме еден дел и го вургалиме на даската откако ќе го извургалиме со раката го плескаме малку од горе да ја направиме површината рамна, па ги сечеме по желба, а може и друга форма да направите. Ги печеме 10-15мин на 250С во тепсија во која претходно сме ја намачкале со масло.
Супер одат со кафе или чај...Наздравје..
Лиценца: Сите права се задржани