Грчка татлија
Најпрво се матат 3 јајца со 3 лаж. шеќер, а потоа постепено се додава останатиот шеќер. Потоа една по една се додаваат и останатите состојки и се меша се додека смесата не стане хомогена.
Се става во тавче бр. 26 претходно подмачкано се зејтин и брашно и се пече на 200 степени додека не се зарумени убаво.
Одкако тортата ќе се испече, се трга на страна и се започнува подготовката на шербетот.
Водата со 14 лаж шеќер се ставаат на оган да се растопи шеќерот и потоа се додава чоколадата и ренданата кора од лимот. Одкако ќе зоврие се остава уште 3-4 мин. и се трга од оган.
Кога ќе олади малку шербетот се прелива врз тортата, шербтот да е млак, а тортата истотака да е подоладена и да е исечена на коцки.
Се остава тортата 24 часа за одстои за да впие шербетот убаво.
Торатата може да се посипе со мелени ореви.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови