Потрено е :
1 квасец ( растворен во ½ шоља млеко заедно со малку шекер и брашно)
700 -750 гр. брашно
1 прашок за печиво
200 - 250 гр. кисело млеко
сол
1 цело јајце и 1 жолчка
сусам

За премачкување :
250 гр. маргарин
100 гр. рендано сирење
За фил :
3 домати – лупени, сечкани и исцедени од течноста
1 филџан зелено песто ( како замена : сушен или свеж магдонос зачинет со лук во прав)
За премаз :
1 белка
сусам

Од растворениот и надојден квасец , заедно со брашното, солта, прашокот за печиво, киселото млеко и 1 цело јајце и 1 жолчка замесуваме средно меко тесто кое треба да отстои 20-тина мунути.
Понатаму, откако ке го премесиме тестото го делиме на 15-тина топчиња.
Секое топче го расукуваме во коричка ( до големина на мала чинија ).
Коричките ги мачкаме со маргаринот измешан со сирењето.
Намачканите корички ги редиме една врз друга.
Вака добиената (дебела) кора ја расукуваме во (тенка) кора во правоаголна форма која ја сечеме на половина, а потоа и на ленти ( долги 10-тина см. / широки 2,5 цм).
На половина од лентите редиме парченца домати и врз нив ставаме по малку од зеленото песто.
Врз секоја филувана лента ставаме друга - нефилувана , малку притиснуваме и заедно ги ,,увтруваме,, ( два три пати) по должина.
Формираните стапчиња ги премачкуваме со белка, им наросуваме сусам и ги печеме на 200 ' Ц 20-тина минути.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови