Подготовка:

1. Исецкајте го зеленчукот. Црвените домати, кромидот и авокадото нека бидат на мали коцкички. Меленото месо запржете го на малку масло, па зачинете со сол и црн бибер.
2. Гравот исцедете го од саламурата од конзервата. Тортиљите запечете ги по малку од двете страни.
Поставете ги во плитка чинија и премачкајте ги со филаделфија крем сирење. Додајте по малку сос од доматно пире, а потоа ставете од прженото мелено месо. Распоредете го на 5 еднакви делови.
3. Дополнете со свежиот сецкан зеленчук и затворете ги полека тортиљите. Завиткајте убаво во прекрасни врапови. Ако сакате може и вака завиткани да ги потпечете малку на тавче горе на плочата, но и не мора. Служете топличко. Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови