Прво ја вклучуваме рерната на 170 с да се загрее.
Земаме 2 ванглички и ги делиме белките од жолчките.
Ги матиме жолчките со половина количина на шеќер до густа крема.
Потоа со чисти маталки ги матиме белките со остатокот на шеќерот.
Во три наврати со лесни движења ги соединуваме белките и жолчките, па додааваме просеано брашно и какао.
Сместа ја истураме во правоаголен плех од рерна, обложен со хартија за печење.
Печиме 7-8 минути.
Оставаме испеченото тесто да се олади.
Во вангличка ги ставме млекото, готовиот прашок за крем, ренданата кора од портокал.
Матиме со миксер 2-3 минути, односно до посакуваната густина.
Изладеното тесто го премачкуваме со кремот и виткаме ролат.
Во мал сад ги соединуваме чоколадото и слатката павлака да се изедначат на тивок оган.
Го премачкуваме ролатот.
Чекаме да се стегни, па сечеме парчиња и послужуваме.
ЗАБЕЛЕШКА

Доколку немате готов прашок за крем може да се подготви и на овој начин
250 мл млеко, 125 гр шеќер, 10гр желатин, 3 жолчки,200 мл слатка павлака

Со миксер разматете ги жолчките.
Во тенџере ставете млеко и загрејте, па додајте шеќер и разматени жолчки со непрекинато мешање.
Кога кремот ќе згусне, тргнете го садот од шпорет и оставете да се излади.
Разматете желатин во вода и со мешање додајте го изладениот крем
Со миксер разматете слатка павлака, па соединете ги со смесата од жолчки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани