Едноставен, лесен , вкусен десерт

Прво од состојките се замесува тесто.
Треба да биде средно.
Се оделува малку, со големина на тениско топче и се остава во замрзнувач.
Од другото тесто се сучи коричка и се става во намастен мал плех.
Се боцка со вилушка на 2-3 места.
Сега се мати белката со шеќерот и се додаваат оревите.
Оваа смеса се става врз тестото во плехчето. Се печи околу 15 минути на 180 степени.
Во исто време во релната се става и друго мало плехче во кое е изрендано тестото од замрзнувач, само 5 минути колку да порумени.
Изладените ронки се тријаат со прсти, да добиеме мрвици.
Сега во една касерола се ставаат течноста од компотот околу 400 мл, се додава шеќерот, густинот и пудингот од чоколадо.
се вари на тивко до згуснување.
се додава чоколадото додека е топол кремот.
Во него се додаваат и исчистените вишни.
Убаво се промешува да се соедини.
Овој крем се нанесува врз испеченото тесто.
Се лади и се премачкува со 2 кеси изматен бел шлаг.
Одозгора се декорира со трошки од тестото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани