Јаболката, портокалите и кивите ги лупиме и ги сечкаме на коцкички. На бананата и ја отстрануваме лушпата и ја сечеме на тркалца. Од сливите ја вадиме голушката па и нив ги сечкаме. Сето овошје го додаваме во подлабок сад и промешуваме. Цедиме сок од пола лимон и заедно со медот го додаваме во садот.
Се употребува сезонско овошје, прекрасна комбинација се прават и со јагодки и црешни. Може да се додаде и сушено овошје, но во тој случај не е требен мед.По вкус може да се додаде и мелени ореви или шлаг

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови