Подготовка:

1. Во подлабок сад за месење, додаваме брашно, шеќер, масло, пециво, ванилин шеќер, рендана кора од лимон и портокал, млако млеко. Сите состојки убаво ги мешаме и додаваме едно по едно од јајцата и стасаниот квасец.

2. Тестото убаво го месиме и го додаваме сувото грозје. Го ставаме на топло, додека тестото се дуплира, односно околу еден час.

3. Потоа на набрашнета работна маса, повторно го замесуваме и тестото го делиме на два дела. Од секое тесто правиме три еднакви дела, ги сукаме и ги плетеме во плетенка.

4. Плетенките ги ставаме во калап за печење и повторно ги оставаме да одморат. Одозгора ги премачкуваме со жолчка и наросуваме сусам. Печеме околу 30 мин, во загреана рерна на 180с.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови