Велигденска погача
Кога доаѓаат овие убави празници, прво што ни доаѓа на памет е добар ручек, убав десерт и некоја мека убава погача. Денес ќе ви ја прикажам мојата убава велигденска погача, која ја препорачувам на сите, да биде дел од вашата велигденска трпеза. Еве ја подготовката. Ќе се трудам да ви образложам убаво да може секој да ја спреми.
1. Во топло млеко се додава сув квасец и шеќер. Се разматува, па се додава шеќер.
Во смесата додаваме две до три лажици брашно, па се разматува добро. Потоа постепено се додава брашното помешано со сол. Да нема контакт солта со квасецот.
2. Се додава јајце и растопен путер и се мати со лажица. Се меша добро, а потоа со рака се замесува убаво меко тесто. Налепете ја раката со дополнително брашно, ако тоа го бара тестото. Се покрива со најлонска фолија и се остава да се дуплира.
3. Се размесува тесто на набрашнета површина. Разделете го на девет еднакви делови од кои се прават топчиња. Се редат на набрашнета подлога. Секое топче се расукува во вид на соленка
(имате прикажано во дополнителните слики )
4. Се става фил на едната страна, а другата се засекува на ситни резанки кои не одат до крај.
5. Се замотуваат соленки кои се редат во тава, која претходно е намастена со путер. Се редат едно по едно како на сликата. Покријте ја погачата и оставете ја да нарасне.
6. Нараснатата погача се прелива со смесата која ја спремивме за прелив. 150мл јогурт или кисело млеко се разматува со две жолчки. Јас не ставив две жолчки јас ставив едно цело јајце.
7. Рерната нека биде жешка. Се пече во загреана рерна на 180 степени.
Погачата ќе ви изгледа ко загорена од горниот дел, но тоа е од јогуртот и јајцето. За да не биде така ставете си фолија. Нека се испече убаво рамномерно секаде.
Раскршете ја откако ќе одмори 5 минути после печењето.
Прав памук е, мека и воздушеста. По желба можете да ги наредите јајцата пред печење, па да изгледа ептен велигденска. Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови