1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
2. Тестенините ставете ги да се варат во зовриената солена вода (крупната сол се додава во водата).
3. Во меѓу време го приготвуваме сосот. Морковите ги лупиме и рендаме. Ги додаваме во тава на оган со маслиновото масло и ги попржуваме додека не омекнат.
4. Маслинките ги сечкаме на кругчиња и ги додаваме во тавата кај морковите, ги додаваме неутралниот крем, сушениот зеленчук и сувите зачини и промешуваме. Тавата ја тргаме од оганот.
5.Сварените тестенини ги цедиме од водата и ги додаваме во тавата во кое е смесата од неутралниот крем и промешуваме убаво.
6. Тестенините ги префрлеме во тава за печење, а одозгора редиме со кругови моцарела и печеме од 5 до 10 минути додека моцарелата не се разлее.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани