Подготовка
Рецептот за веганските бисквити можете да го најдете тука 
1. Индиските ореви ги ставаме во топла вода да стојат неколку часа. Инстант кафето го раствораме со топлата вода. Индиските ореви ги цедиме и ги ставаме во блендер, блендираме. Ги додаваме урмите, инстант кафето, кокосовото млеко и агаве сирупот. Блендираме.

2. Смесата ја ставаме во фрижидер да стои 2-3 часа. Во чаша на дното ставаме неколку бисквити кои ги кршиме на помали парчиња, врз нив ставаме 2 лажици од филот, па повторно бисквити и фил, зависно од големина на чашата, на крај да завршиме со фил. Врз филот ставаме какао.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани