Веганско тирамису
Состојки
- 13-15 вегански бисквити
- Фил
- 50 гр индиски ореви
- 50 гр урми
- 1 лажиче инстант кафе + 1 лажиче топла вода
- 220 мл густо кокосово млеко
- 3 лажици агаве сируп
Подготовка
Подготовка
Рецептот за веганските бисквити можете да го најдете тука
1. Индиските ореви ги ставаме во топла вода да стојат неколку часа. Инстант кафето го раствораме со топлата вода. Индиските ореви ги цедиме и ги ставаме во блендер, блендираме. Ги додаваме урмите, инстант кафето, кокосовото млеко и агаве сирупот. Блендираме.
2. Смесата ја ставаме во фрижидер да стои 2-3 часа. Во чаша на дното ставаме неколку бисквити кои ги кршиме на помали парчиња, врз нив ставаме 2 лажици од филот, па повторно бисквити и фил, зависно од големина на чашата, на крај да завршиме со фил. Врз филот ставаме какао.