Ванилици со ореви
1. Со миксер се мати маста додека стане пенаста. Се додава ванилата и шеќерот и се продолжува со миксање. Во изматената смеса се додава целото јајце и жолчката. Добро се измешува. Со постепено додавање на просеано брашно, се замесува тесто (јас ова го правам со миксерот). Потоа тестото се префрла на набрашнета површина и се измесува со раце. Се дели на два дела. Секој дел се завиткува во прозрачна фолија и се остава половина час во фрижидер.
2. Секој дел се развлекува во кора со дебелина од 5 мм и со Делимано калапчињата(ако сакате убави и интересни ванилици), се вадат различни форми. Овие калапчиња се згодни зашто ванилиците излегуваат мали, точно една ванилица - едно залче.
3. Истото се прави и со другиот дел од тестото.
4. Се редат формичките во плех прекриен со пекпапир и се печат 10-15 мин на 180 ст.С.
Ванилиците треба да останат светли.
5. Се оставаат да се изладат, по желба се лепат по две со мармаладот и се попрскуваат со шеќерот во прав.
Јас овие ванилици често ги правам за мојата Тијана, која ги обожува, а сега изненадувањето беше големо со прекрасните формички.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови