28
дек
2015
Ванилици со ореви (посно)
Овој рецепт е од вујна ми Данче и најубаво е да се става отприлика,од око, но за помалку искусни домаќинки, еве вака состојки.
Сето ова се меша убаво, само да не биде тестото многу тврдо. Се размесува со оклагија, во слој од 0,5 см со калапчиња се прават облици. Од оваа доза излегуваат 60-70 колачиња.
Се печат на 180 степени, околу 20 минути. Кога ќе се изладат, се валкаат во прав-шеќер помешан со ванилин.
За празнициве, јас им додадов прехранбена боја – дел од тестото беше црвено, дел-зелено.
Совет- наместо маргарин, може да ги направите со свинска маст. Така се повеќе ровки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови