Вистинскиот рецепт за ванилици е со маст, но ако немате може да се употреби и путер.
Во брашното се додава водата, квасецот, шеќерот, солта, маста и со дрвена лажица се меша. Потоа смесата се домесува и со раце. Се остава да одмори околу 45 минути, се расукува кора и се вадат форми по желба. Се печет во рерна на 180 степени околу 20 минути во зависност колкави ви се формите.
Кога ќе оладат, се валкаат во шеќер во прав и се оставаат во метална кутија. Може да се јадат и по неколку дена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови