Испечати

Ванилици со квасец и пециво

Ванилици со квасец и пециво

Состојки

  • Состојки
  • 500 гр брашно
  • 100 гр путер или маст
  • 120 мл млака вода
  • 1/2 коцка квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 пециво од Фанатазија
  • За валкање шеќер во прав од Фантазија

Подготовка

Вистинскиот рецепт за ванилици е со маст, но ако немате може да се употреби и путер.
Во брашното се додава водата, квасецот, шеќерот, солта, маста и со дрвена лажица се меша. Потоа смесата се домесува и со раце. Се остава да одмори околу 45 минути, се расукува кора и се вадат форми по желба. Се печет во рерна на 180 степени околу 20 минути во зависност колкави ви се формите.
Кога ќе оладат, се валкаат во шеќер во прав и се оставаат во метална кутија. Може да се јадат и по неколку дена.