За подготовка на брускети ни е потребен француски леб, тој е долг и тенок, идеален за брускети. Ќе го исечите на косо и ќе добиете прекрасен ручек.
Намачкајте го со путер и ставете го во рерна околу 12 мин на 160, да порумени, но не и да изгоре.
Може да го подготвите со било каков леб, меѓутоа да го доловиме вистинскиот брускета рецепт ќе го користиме францускиот.
Има повеќе рецепти за брускети, меѓутоа јас се одлучив за бургер.

Во сад измешајте ги шери доматите, ставете пармезан, рендан лук (ваша желба) магдонос, маслиновото масло и тргнете на страна.
Во месото ставете сецкан кромид, презла, зачинете со сол и мешан сув зачин направете помали плескавици и испржете ги. (Или подгответе си ги на начин како вие сакате).
Кога ќе бидат лепчињата готови, уште додека се топли, премачкајте ги со лук, ставете по една од плескавиците и одозгора сосот со домати и послужете.
Нека ви е на здравје!

Забелешка
Може ако сакате да не користите лук, ретко кој го обожава, меѓутоа не правете го тоа, неговиот мирис и вкус наликува на вистински бургер.
Користете каков бил леб, меѓутоа, францускиот леб е баш за иделни брускети.

Дозите се за 4 бургер брускети.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови