1. Во еден сад се ставаат јајцата, шеќерот и ванилата и се матат.
2. На смесата со јајцата се додаваат киселото млеко, маслото, рендана кора од еден лимон или лимета и сокот од половината цитрус, се промешува да се соедини.
3. На смесата се додава брашното и пецивото и се мати да се соедини смесата.
4. Готовата смеса се распределува во калап за мафини.
5. Се печат во претходно загреана рерна на 180-200 степени за 20-25 минути.
- Од смесата се добиваат 10ина големи и 10ина мали мафини.

Додека се печат мафините се подготвува кремот.
1. Во касерола се ставаат млекото, слатката павлака, јајцето, ванилата, солта, шеќерот и густинот, се промешува до соединување (да нема грутчиња).
2. Касеролата се става на оган и се вари до добивање на многу густ крем, ако е потребно се додава уште малку млеко.
3. Кремот се остава да се олади целосно.
4. Путерот треба да е на собна температура, се сечи на парчиња се става во сад со шеќерот во прав и се мати со миксер.
5. На смесата со путерот се додава кремот од ванила и се мати до соединување.
6. Смесата се разделува и во секој дел се става различна боја со која се декорираат мафините.

Декорацијата
1. За белите рози се започнува од центарот на мафината и се прават спирални движења.
2. За хортензиите по ѕидовите на кесичката се премачкува со фил во една боја, а внатре се полни со друга боја и се прават мали цветчиња.
3. Розовите рози се прават со двојно сплескан накрајник за шприц. Во средината на мафината се шприцира крем и потоа со поликругови се оди од центарот кон периферијата на мафината.

Од готовте капкејкови се прави букет.
1.Врз саксијата се прицврстува полусферата од стиропор со лепилото или силиконот.
2. Саксијата се завиткува со хартија и се става панделка или се става само панделката по ваш избор.
3. Секое кексче се прицврстува со по 2-3 чепкалки за заби (чепкалките најпрво се забодуваат во стиропорот, а потоа се ставаат мафините.
4. Во празното пространство од мафина до мафина просторот се заполнува со зелена тенка хартија.
Со тоа подарокот за некоја дама за денот на жената е готов =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови