Ароматични и вкусни брускети. За мезе, појадок или вечера.
Багетот исечете го накосо на тенки парчиња околу 1 сантиметар. Наредете ги на хартија за печење.
На маслиновиот зејтин се запржува ситно исеченото лукче, колку да пушти само арома. Откако ќе олади зејтинот со четка се премачкуваат парчињата багет. Останатиот зејтин се меша заедно со крем сирењето. Ситно се сече и магдоносот и младото лукче и половината се додава кон крем сирењето. Секое парче багет се премачкува со добиената смеса. Одозгора се наросува со преостанатиот магдонос и лук. Брускетите се печат 5 минути на 200 степени во загреана рерна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови