Ова е најбрзото и едно од највкусните теста за пица кои се нашле на мојата трпеза. Скептик по природа, не ми беше веројатно дека можи да биди толку добро, знаејќи дека за добро тесто за пица се потребни часови. Но, можело и за 15 минути да се постигни сличен резултат.

Подготовка

Измешајте го брашното со прашокот за пециво и солта, додадете го гризот, додадете млеко и јогурт и замесете тесто, месете неколку минути. Тестото треба да биде средно меко, ако ви е многу тврдо, додадете малку вода. Кога ќе го замесите, ставете на дланката 2-3 лажици масло и премачкајте го тестото и нежно домесете го.
Потоа на малку намастено тавче, земете дел од тестото и развлечете тенко тесто. Тестото треба да е тенко зашто нарастува при печењето. Од оваа количина добив една голема пица и една средна (ги има во фотографиите).
Нанесете го зајрето и ставете ја пицата да се печи 10тина минути на 250 степени. Тестото е меко после печење, и иако е тенко, воопшто не е суво, напротив, преубаво и превкусно е.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови