Ова е доручек за по пат ако трчате сабајле како нас, има се-и јајце и сланинче и лепче и сиренце! Најважно што се спрема во лет!
Прво се ставаат течностите и јајцето, се матат со маталка, потоа и останатите состојки. Наместо сланинче може и коприва, блитва, спанаќ ако ви јадат децата.
Се става во калапче и се пече 20 минутки во загреана рерна на 200 степени.Трчаш да се доспремиш за на работа, се враќаш за 20 минутки....
Сечеш, делиш и јадеш топло по пат, затоа што само на реклама или амерчки филм стигаат сабајле да седнат ко луѓе на доручек, кај нас нема време.
Тоа е се !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови