Одлична подготовка на убаво меко тесто ...
Подготовка
1. На почеток започнуваме со замесување на тестото која оди вака. Сварените компири на преса убаво згмечете ги, во брашното на средина ставете го квасецот и подмесете го со малку топло млеко и шеќерот, додадете ги пасираните компири солта и замесете меко тесто по меко од леб нешто слично како за мекици.
Покријте го со проѕирна фолија и оставете да стаса. Во намрсени тави јас печев неколку вакви лепчиња ова што ви го презентирам го печев во тавчето за тарт полека со намрсени прсти откинуваме од тестото и формираме нешто слично како за пица ама подебело.
Рендаме кашкавал наросуваме сецкана пиперка, сецкано лукче, магдонос и шери домати. Печеме на 200степени половина час.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани