6
дек
2013
Брзи посни колачи
Најпрво се прави шербетот. Откако ќе почне да врие треба да поврие на тивко, околу 10-15 минути. Се остава да се лади.
Се замесува тестото на меко. Брашно оди околу 750 гр, зависи од брашното. Се дели на 4 дела, а секој дел на 10 парченца. Во секое парче се става ¼ од орев, се затвара. Може да се формираат како топчиња, а може и како кифлички.
Се ставаат да се печат на 200 степени. Кога ќе се извадат од рерна веднаш се ставаат во ладниот шербет. Откако ќе впијат од шербетот, а тоа е за брзо време, ги валкаме во кокос или мелени ореви.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови