Брзи, многу меки и ароматични колачиња.

Подготовка
Изматете ги добро со миксер јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете ги и останатите состојки (маслото, газираната вода, просеаното брашно, оревите, пецивото и ренданата кора од лимон)
-Изматете ја смесата убаво, да добиете еднолична смеса

Калапот премачкајте го со путер и со помош на лажица, ставајте од смесата во калапот.

Печите на 200 степени околу 10 минути. Послужете со вашиот омилен џем

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани