Брзи новогодишни колачиња
Состојки
- 2 јајца
- 1 лажица шеќер
- 1 кафена лажица ванилин шеќер
- 2 лажици масло
- 4 лажици газирана вода
- 2 лажици брашно
- 1 лажица мелени ореви
- 1 кафена лажица пециво
- 1 кафена лажица рендана кора од лимон
- џем по желба
- 50 гр путер за премачкување на калапот
Подготовка
Брзи, многу меки и ароматични колачиња.
Подготовка
Изматете ги добро со миксер јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете ги и останатите состојки (маслото, газираната вода, просеаното брашно, оревите, пецивото и ренданата кора од лимон)
-Изматете ја смесата убаво, да добиете еднолична смеса
Калапот премачкајте го со путер и со помош на лажица, ставајте од смесата во калапот.
Печите на 200 степени околу 10 минути. Послужете со вашиот омилен џем
На здравје!