1
јан
2016
Брзи новогодишни колачиња
Свинската маст ја промешуваме со шеќерот во прав и месиме.
Додаваме јајце и ванила и пак месиме.
Ако сакате додадете и ѓумбир, а потоа постепено додавајте си брашно.
Месите да добиете средно тесто.
Значи постепено додавајте од брашното.
Откако добивте убаво тесто за работење, усукајте кора со дебелина од пола сантим и со калап вадете фигури.
Редете веднаш во не намастен плех и декорирајтепо ваша желба.
Јас попрскав светки и искористив мали украси за декорација.
Печете на потивко.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови