Брзи локумадеси
Иако оригиналните рецепти за локумадес се со квасец, решив да го искористам рецептот за крофнички со цимет за да подготвам домашен локумадес. Испаднаа преубави...многу слични на грчките од слаткарница.
Накратко за подготовката на тестото
2 јајца се матат со 4 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, чаша млеко (250мл.) и 2 лажици омекнат путер.
Настрана се мешаат 3 чаши брашно, 1 прашок за пециво и 1 мала лажичка цимет и се додаваат постепено во смесата со јајца. Се мати убаво и се префрла на побрашнета површина каде внимателно се домесува со уште малку брашно и се расукува до дебелина од 1 см.
Во помал подлабок сад се става масло за пржење и се вклучува да се загрее.
Од тестото се сечат крукчиња со мала чашка за ракија и се пржат прво од горната страна. При пржењето тие сами ќе се превртуваат.
Во исто време се подготвува и шербетот - состојките се ставаат во помало тенџере и се остава само да зоврие, односно да се стопи шеќерот.
Веднаш штом се извадат од садот за пржење, топчињата се ставаат во сирупот неколку минути, додека се пржат следните топчиња.
По желба, локумадесите се посипуваат со цимет и сецкани пистации, ореви, лешници, бадеми...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови