Брзи лепчиња
1. Се става квасецот во мал дел од водата со шекерот да стаса.
2. Солта се измешува со брашното, се додава квасецот и останатата млака вода и добро се микса со миксер додека не почне да се одвојува од садот.
3. Се покрива со еластична кеса и се остава да нарасне.
4. Работната површина се посипува со две-три шаки брашно, се истура тестото и се увиткува во брашното.
5. Не треба многу да се меси, доволно е само да не се лепи.
6. Се формираат осум топки, се притискаат со шака, се премачкуваат со вода и со чачкалица се прави мрежичка одозгора.
7. Се печат на 250 ст.С околу 8 мин. и кога ќе се извадат пак се попрскуваат со вода.
Овие брзи лепчиња можат да се замрзнат.
Овој е сличен рецепт на оној од Лилјана Илиева, но го ставив бидејки и овие лепчиња се многу вкусни, а се прават релативно брзо.
Ви препорачувам да ги следите и нејзините упутства за печење. И јас тоа ке го сторам следиот пат и сигурно ќе бидат по воздушести =))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови