Брзи колачиња од 3 состојки
Брзи и вкусни колачиња, направени буквално за 15 минути, а изедени за 5 минути.
Подготовка -
1. Најпрво ја уклучуваме рерната на 200 степени да се загрее. Потоа во длабок сад го ставаме јајцето, го разматуваме со рачна маталка. Го додаваме еурокремот, пак промешуваме до хомогенизирање. На крај го додаваме брашното.
2. Смесата е многу малку леплива, таква треба и да биде, но тоа не смета при формирањето.
3. Со намрсени раце со масло, зeмаме од смесата, и правиме топчиња со големина на орев (од оваа доза испаѓаат точно 20 колачиња). Ако сакате да мерите, од добиената смеса која тежи околу 280 гр, тогаш секое колаче треба да е околу 14 гр.
4. Формираните колачиња ги редиме во плех за печење, во која сме ставиле хартија за печење.
5. Печеме на 200 степени - 10 минути (оставете ги малку да оладат, и ќе си ја добијат потребната цврстина).
*Забелешка - Колачињата по желба декорирајте ги со растопено чоколадо (бело, црно), наросете ги со шеќер во прав или едноставно оставете ги такви.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани