Брзи колачи од 3 состојки
Подготовка
1. Бисквитите и чоколадото може да бидат какви сакате.
2. Важно е бананите да се позрели од обично. Kај мене беа баш заборавени и последниот воз го фатија, да се искористат за нешто брзо и лесно, како одговор на барањето за благо дома.
3. Значи, бананите ги пасираме и сите состојки ги месиме заедно.
4. Од смесата правиме топчиња со големина по желба и ги ставаме да се стегнат 1 час во фрижидер.
5. По желба, може да ги наросите со какао, мелени бисквити или јатки, а може и да ги глазирате со чоколада, карамел, или сварен пудинг.
Буквално ќе ви се потребни само 15 минути. На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови