Превкусни, брзи за правење, уште побрзи за јадење. За најмногу половина час ќе имате превкусен десерт за вас и за вашите најмили.

Подготовка

1. Во сад на тивок оган ги ставаме млекото, путерот и ванилата. Мешаме додека да се стопат. Потоа го додаваме чоколадото скршено на коцкички, мешаме да се стопи.
2. Во посебен сад ги ставаме мелените плазма бисквити и мелените ореви, промешуваме. Врз нив ја истураме течната смеса, соединуваме. Сега го додаваме еурокремот, лажица по лажица, и по секое додавање ја соединуваме убаво смесата за бомбиците. Напишав лажица по лажица, додавајте го постепено еурокремот, и така ќе одредите кога е идеална смесата за формирање на бомбиците, зависно колку многу ги полните лажиците со Еурокрем.
3. Формираните бомбици ги валкаме во мелени ореви.

*Забелешка - За увалување доколку сакате може да употребите кокос, мелена плазма, чоколадни мрвици (по вкус). Од оваа доза мене ми испаднаа 40 бомбици, но нивната количина може да варира зависно од нивната големина.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани