2
авг
2020
Брза јогурт пита со сув спанаќ и сирење
Варијации на тема брза пита има безброј...Еве еден рецепт со сув спанаќ кој често го користам кога немам свеж...
Подготовка
1. Рерната ја вклучуваме на 200 степени да ни се загрее.
2. Ги соединуваме брашното и пецивото.
3. Јајцата ги матиме со миксер, па додаваме масло и јогурт.
4. Кон нив ги додаваме урдата, ренданото сирење, сечканата шунка,сувиот спанаќ и брашното.
5. Во намрсено и набрашнето тавче бр.26 ја истураме смесата.
6. Врз смесата ја распоредуваме павлаката со лажичка.
7. Печеме околу 20 минути.
Лиценца: Сите права се задржани