Брза чоко ванила торта
Подготовка на пандишпан
Во длабок сад, ставете ги сувите состојки и промешајте убаво. Додадете го млекото и изматете убаво да нема грутчиња.
-Смесата ставете ја во тава обложена со хартија за печење. Печите во загреана рерна на 200 степени околу 15 мин. Проверете со чепкалка дали е готов пандишпанот.
- Пандишпанот поделете го на два еднакви дела.
Бел фил
Готовиот фил во прав изматете го со 300 мл млеко, а потоа додаете мелени лешници и промешајте
Црн фил
Водата и путерот ставете ги во тенџере на оган да зовријат. Додадете го какаото и чоколадата. и на тивок оган мешајте за да добиете еднолична смеса. Потоа, тргнете од оган и додадете мелени ореви и шеќер во прав и промешајте убаво
Едниот дел од пандишпанот потопете го со млеко и ставете од белиот фил. Потоа, наредете потопени бисквити со млеко. Одозгора, ставете од црниот фил, па ставете го пандишпанот и истиот потопете го со млеко.
Тортата филувајте ја со остатокот од белиот фил и декорирајте по желба
Лиценца: Сите права се задржани