Испечати

Брза чоко ванила торта

Брза чоко ванила торта

Состојки

  • За пандишпан
  • 14 лажици брашно
  • 14 лажици шеќер
  • 1 лажица прашок за пудинг од ванила
  • 1 лажица капучино од ванила
  • 1 кафена лажица сода
  • 230 мл млеко
  • 50 мл млеко за потопување на пандишпанот
  • Црн фил
  • 50 мл вода
  • 50 гр путер
  • 2 чоколада за готвење
  • 2 лажици какао
  • 100 гр ореви
  • 70 гр шеќер во прав
  • Бел фил
  • 1 паковка готов фил за торта во прав од ванила +300 мл млеко
  • 100 гр мелени лешници
  • 10 бисквити + 50 мл млеко за потопување на бисквитите

Подготовка

Подготовка на пандишпан

Во длабок сад, ставете ги сувите состојки и промешајте убаво. Додадете го млекото и изматете убаво да нема грутчиња.
-Смесата ставете ја во тава обложена со хартија за печење. Печите во загреана рерна на 200 степени околу 15 мин. Проверете со чепкалка дали е готов пандишпанот.
- Пандишпанот поделете го на два еднакви дела.

Бел фил
Готовиот фил во прав изматете го со 300 мл млеко, а потоа додаете мелени лешници и промешајте

Црн фил
Водата и путерот ставете ги во тенџере на оган да зовријат. Додадете го какаото и чоколадата. и на тивок оган мешајте за да добиете еднолична смеса. Потоа, тргнете од оган и додадете мелени ореви и шеќер во прав и промешајте убаво

Едниот дел од пандишпанот потопете го со млеко и ставете од белиот фил. Потоа, наредете потопени бисквити со млеко. Одозгора, ставете од црниот фил, па ставете го пандишпанот и истиот потопете го со млеко.
Тортата филувајте ја со остатокот од белиот фил и декорирајте по желба