Питава е „ што се нашло по фрижидер“, ама да ви кажам искрено, ваквите рецепти се и највкусни.

Подготовка
Јајцата ги матиме со миксер. Во нив ги додаваме јогуртот и маслото, па потоа брашната и пецивото. Матиме до соединување. На крајот ги додаваме сечканите колбаси и чајна, кашкавалот сечкан на коцки и урдата. Соединуваме и смесата ја истураме на намрсено и набрашнето тавче. Посипуваме со семиња по вкус и желба. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.

Забелешка
Чашата е од 250 мл. Ако ви се види сува смесата (зависи од јогуртот) додадете или вода или јогурт). Сол не ставив воопшто затоа што сите додатоци ми беа солени вклучувајќи ја и урдата и кашкавалот.