18
мар
2021
Брза лисната пита со тиквичка и сланина
1. Сланината исечена на мали коцки пропржете ја без додавање на масло. Извадете ја сланината и во мрснотијата што ја има пуштено сланината пропржете ја кратко тиквичката исечена на тенки листови.
2. Во сад изматете го јајцето со млекото. Додајте ја сланината, кашкавалот, сол и бибер.
Измешајте.
3. Во округол калап обложен со хартија ставете го лиснатото тесто. Избоцкајте ја целата површина со вилушка. Наредете ја тиквичката. Одозгора истурете ја смесата со сланина, јајца, млеко и кашкавал.
Оформете витки со краевите од тестото и ставете да се пече.
4. Печете на 180 степени, околу 30-35 минути, додека фати убава боја и краевите станат крцкави.
Лиценца: Сите права се задржани