Брз десерт со чоколадна мус крема и банани (без печење)
Подготовка
Стопете го чоколадо на пареа или во лонец на многу тивок оган. Кога целосно ќе се стопи тргнете го од огинот и оставете го малку да се излалади.
Во сад измешајте ги јајцата и шеќерот со миксер додека смесата не стане густа.
Во смесата додадете го стопеното чоколадо и какаото во прав и сите заедно измиксајте ги додека не добиете кремаста маса.
Во одделен сад изматетеја слатката павлака. Кога ќе биде готова со голема лажица постепено додадете го шлагот во чоколадната смеса и со лесни движења измешајте додека се заедно не се стопи во лесна пенеста маса.
Кремот ставете го во 6 чаши до половина скршете на ситно кукис колачиња и малку сецкана банана. Повторно нанесете од мус кремата кршено кукис и банана.
Декорирајте со топена чоколада,десертот изладете го во фрижидер пред да го послужите.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани