Боров сируп од шишарки
Борот од дамнешни времиња се користи во народната медицина за лекување на дишните патишта, како и за лекување на кашлица и белодробни заболувања. Лековитите својства на борот може да се користат во текот на целата година, а најдобро е шишарките да се соберат и употребат додека се млади и големи најмногу до 5 цм, бидејќи како што растат ги губат лековитите својства и стануваат дрвенести.
Додека се млади, шишарките се богати во витамин Ц, што за жал се губи со термичката обработка, но содржат и етерични масла, лековита смола и многу антиоксиданти кои се зачувуваат, а севкупното делување на организмот е алкално, што значи се намалува киселоста на организмот со редовна употреба.
Додека го приготвував сирупот, домот ми мирисаше како да се наоѓам во центарот на огромна борова шума.
Подготовката е едноставна, оваа количина е за 1 неполна тегла сируп:
1. Прво шишарките ставете ги во вода да преноќат.
2. Следниот ден истурете ја водата и ставете ги во чиста вода само да провријат. Истурете ја таа вода, налејте ладна, додадете го шеќерот и оставете да се варат на тивка температура околу 4 часа додека не почне да се згуснува смесата и да се претвора во сируп. Мешајте повремено.
3. Процедете и складирајте го сирупот во стаклена тегла или шише и чувајте го во фрижидер.
При настинка или проблеми со кашлица, земајте по 1 лажица наутро.
*Забелешка: Имајте во предвид да користите тенџере кое е нелепливо (јас користев Делимано) или некое старо тенџере кое нема да ви биде жал ако се уништи бидејќи се создава леплив слој на ѕидовите кој тешко се отстранува.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови