Полесно и побрзо здравје. На урмите извадете им ги семките. Ако се суви тогаш мислам дека претходно ќе треба да ги потопите во вода.
Шеќер не се става, нам ни се таман горчливо благи, а вие можете да ставите шеќер во прав по вкус.
Потребен ви е блендер, урмите и оревите треба убаво да се измиксаат, да се добие мазна, малку леплива смеса. Ставете го и какаото и убаво измешајте ја смесата.
Правете бомбици, а по желба можете да им ставите и чоколадни капки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови