14
мај
2014
Бомбици и пралини
Овие колачи ги правев набрзина за одма нешто слатко да каснам, ама составот е погоден, правам експерименти со пресново слатко, па еве можеби на некој ќе му се допадне мојов предлог.
Прво се мати белката, па се додаваат останатите состојки.
Убаво се изработува со рака.
Силиконските калапи со четка се премачкуваат со растопеното чоколадо.
Се полнат со готовата смеса.се оставаат на страна да се стегнат.
Внимателно се вадат пралините од калапите.
Од остатокот од смесата се формираат бомбици и се валкаат во мелен орев.
Лиценца: Сите права се задржани